Синот на Били Џо Сандерс на мерењето го удри Монро во гениталиите (ВИДЕО)

Били Џо Сандерс (24-0, 12 КО) во саботата во Лондон го брани единствената преостаната титула во средна категорија која не ја држи Генадиј Головкин.

Во втората одбрана на ВБО титулата се сретнува со Вили Монро Јуниор (21-2, 6 КО). 30-годишниот Американец во 2015 година загуби со технички нокаут од Генадиј Головкин во шестата рунда.

На денешното мерење се случи необична ситуација.

Откако Монро го погали синот на Сандерс по главата, овој со шаката го удри во гениталиите, а потоа се обиде и со ногата да го удри.

И шампионот и предизвикувачот беа на границата на средната категорија од 72,6 килограми.

Сандерс преку социјалните мрежи ги бранеше постапките на својот син.

„Моите синови се научени кога странец ќе им стави рака на главата да ударат и да избегаат. Самоодбрана“.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...