Сивер: Мек Грегор предвидувањата може да си ги пикне в газ!

siver

Во ноќта, недела спрема понеделник, на 19 јануари, Бостон ќе биде домаќин на УФЦ фајт најт, која ќе биде предводена од Конор Мек Грегор и Денис Сивер. Како се приближува мечот, така војната на зборови се интензивира меѓу нив двајцвата.

 Мек Грегор неодамна изјави дека предвидува дека борбата ќе заврши со нокаут во рок од две минути од првата рунда, а од тоа Сивер не е премногу воодушевен.

 „Сите мислат дека веќе сум ја изгубил борбата. Конор изгледаше добро во последната борба, но тоа траеше помалку од две минути. По моето мислење, фрли еден среќен удар против Поириер , но се до тогаш резултатот беше нерешен. Тој вети дека ќе ме победи во рок од две минути , но тоа ветување може да си го стави в газ“, рече Сивер за Groundandpound.de.

 „Кога ќе завршам со него во неделата, јас ќе се смеам. Можам да разберам дека озборува во камера, но кога тоа се работи зад сцената, тогаш докажува дека е сератор. Ќе го спуштам на земја и ќе му земам шанса да појасот. Кога би го претепал, тоа ќе ми значи многу повеќе од којбило наслов“.

print

Можеби ќе ви се допадне...