Се учат тајните на џиу џицата на бесплатниот „Летен камп-Охрид“!

Dziu dzicu kampot vo Ohrid site

Веќе три дена се одржува беспалтниот „Летен камп – Охрид“ на Македонската џиу џица федерација во Охрид, за натпреварувачи и за родители, под мотото „Многу сме јаки“, што ќе трае до 22 јули.

Според претседателот на Федерацијата, Алексанадар Ацевски, кампот протекува во саканата насока, а има околу 30-тина посетители кои вежбатаао мотелот „Младост“ под негово раководство.

Бидејќи поголемиот дел од ученицците се активни вежбачи во клубовите, се вежба со повисок степен на стручност, а специјалните гости гости во одредени боречки вештини демонстрираат работи кои не можат секогаш да ги видат на нивните тренинзи.

dizu dzicu ohrid

Ацевски работи техники за одбрана од нож и техники за полагање за повисоките појаси. Последниот ден ќе се одржи полагањето за повисоките појаси (кафеав,црн појас 1дан и црн појас 2 дан).

– Со овој камп докажавме дека џиу џицу вештината може да ја вежбаат и оние што немаат да платат, а не само оние што имаат пари. Кога нешто се работиме од љубов и задоволство, а не заради пари, успехот е загарантира, – вели претседателот на МЏЏФ, Ацевски.

 ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...