Се погласно се зборува за спектаклот: Мек Грегор против Сент Пјер за титула во нова категорија!

Од повеќе страни доаѓаат гласини дека УФЦ планира да ја организира веројатно најголемата борба во историјата на ММА. Во  прашање е дуелот на Конор Мекгрегор и Жорж Сент Пјер, а влог би требало да биде појасот на новата категорија, онаа до 74,5 килограми.

За оваа категорија се зборува веќе некое време, односно за промените во рамките на УФЦ. Според нив, ќе се укине велтер категорија до 77 килограми и наместо неа треба да се појават две нови категории. Во прашање е суперлесна категорија, која би била до 74,5 килограми, додека новата велтер би имала граница од 79 килограми. Лесна категорија би останала до 70 и средна до 84 килограми. И се чини дека УФЦ планира да го направи првиот шампион на суперлесна категорија, кој воедно би бил и првиот УФЦ шампион во три различни категории. Тајрон Вудли во тој случа би ја пренел титулата во новиот велтер.

Нешто за тоа прв отворено провори е Каел Сонен, односно тој го изрази своето мислење за тоа дали Жорж Сент Пјер повторно ќе се врати и против кого би можел да се бори. Каел многу често е во парво со прогнозите, а бидејќи Мек Грегор е честа тема на тренерот на ЖСП, Фирас Захаби, не треба да не чуди доколку нешто такво навистина се „крчка“.

„Жорж ќе се врати, ќе се бори против Конор и ќе биде најголемата борба во историјата на ММА. Знам дека ЖСП е подготвен да го стори тоа и исто така верувам дека Жорж е подготвен да симне подолу. Жорж ми рече дека би се борел за титулата до 74,5 килограми“, рече Сонен.

Многу брзо со него се согласи уште еден борец кој во кариерата лута меѓу велтер и лесна категорија, Диего Санчез. Тој уште пред неколку дена на Инстаграм ја постави објавата во која исто така го повикува УФЦ за воведување на таа категорија и организирање на борбата Мек Грегор и Сент Пјер за новиот шампион.

Нема сомневање дека и самот УФЦ бил заинтересиран за вакво нешто, бидејќи тоа сигурно би било борба која би ги соборила рекордите за продажба на еден ММА пренос. Само пред тоа би требало да се договорат финансиските услови што ќе им одговараат на двете, веројатно, најголемите ММА ѕвезди во историјата.

print

Можеби ќе ви се допадне...