Се огласи РондаРусеј и најави и повлекување и враќање

Ronda zasemetena

Веќе поранешната шампионка на УФЦ во банатам категорија, Ронда Русеј, го прекина молкот по шокантниот пораз со нокаут, која го претрпе во сабота (14 ноември) од Холи Холм.

Ронда ја искористи социјалната мрежа Инстраграм, за да ја даде својата прва изјава по поразот:

„Сакам да и се заблагодарам на сите за љубовта и поддршката. Разбирам дека сте загрижени за моето здравје, но сè е во ред.

Како што кажав пред мечот – ќе се повлечам за кратко, но ќе се вратам“!

Уште пред средбата Ронда изјави дека ќе се повлече за кратко, за да се посвети на филмската кариера во Холивуд, но и да се одмори од тешките тренинзи. Поразот не и ги промени плановите.

По она што се случи во саботата, може да се каже дека банатам категоријата за жени станува исклучително непредвидлива.

print

Можеби ќе ви се допадне...