Се е договорено: Ломаченко се подига во лесна категорија за меч против ВБА шампионот Линарес!

Конечно сите детали се решени и потписите се ставени на договорот. Порталот Worldboxingnews ги објави веста спрема која е договорен меч Украинецот Васил Ломаченко и светскиот шампион Хорхе Линарес.

Борбата ќе се одржи на 12 мај во Медисон сквер гарден арената во Њујорк, а влог ќе биде шампионскиот (супер) појас на Линарес спрема ВБА верзијата. Според пишувањето на порталот, преносот ќе се емитува на респектабилната ЕСПН.

Ломаченко досега во професионалната кариера прокнижи 10 победи и 1 пораз кој се случи во вториот професионален меч од Орланда Салида. Особено импресивно звучи фактот што неговите четири последни противници буквално се откажаа од борбата во еден момент. Во последниот меч на таков начин (со предавње) го победи познатиот Гилермо Ригондо.

Венецуелецот Хорхе Линарес е прекален професионалец со 47 професионални средби  ма неговото конто (44-3). Појасот на ВБА го освои со победата против Ентони Кроле во 2016 година. До сега три пати успешно го бранеше.

Ломаченко досега се натпреваруваше во категоријата до 58,9 килограми, а за овој меч ќе ги зголеми тежината и ќе го предизвика Линарес во лесна категорија 61,3 килограми.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...