Се готви најлудиот меч во боксот во кој психијатарите ќе бидат поважни од судиите!

Дали е можно, наскоро да станеме сведоци на најлудата средба во професионалниот бокс во тешка категорија?

Можно е, еден од најживописните и емоционални боксери, Шенон Бригс, да му предложи на другиот најатрактивен боксер во тешка категорија да се сретне во рингот.

Поранешниот светски шампион на ВБО, Шенон Бригс, му предложил на Тајсон Фјури да се борат. Интересно ќе биде.

Вредно е да се забележи дека и двајцата боксери се отстранети од боксот поради допинг.

„Дали мислите дека борбата на Мејведер – Мек Грегор беше привлечна? Што ќе се случи ако ние со Тајсон Фјури се сретнавме во вистинска битка? Подобар циркус од претставата пред мечот ќе биде само војната што ќе ја направиме во рингот. Можеби мислите дека сум луд, но јас сум апсолутно сериозен. Во овој меч, психијатарите ќе бидат поважни од судиите“, рече Шиен Бригс.

.

print