Се враќа Артем Левин

По година и пол од напуштањето на Артем Левин се враќа на професионалните борби.

31-годишниот Русин на 20 април во Москва ќе се бори за титулата на АЦБ до 85 килограми против Игор Бугаенко. 32-годишниот Белорусин кон крајот на февруари во АЦБ во Париз го победи Фреди Кемај. Не е поразен од 2015 година и е во низа од 9 победи.

Левин е поранешен шампион на Глори во средна категорија. Појасот го изгуби од Симон Маркус во февруари 2016 година, откако одби да ја продолжи борбата во третата рунда по серијата катастрофални одлуки на судијата. Во октомври истата година го совлада Алија Ел Амери во Русија.

print

Можеби ќе ви се допадне...