Сергеј Ковалев ја одбрани титулата со нокаут (ВИДЕО)

Светскиот шампион во тешка категорија Сергеј Ковалев ја одбрани титулата на Светска боксерска организација (ВБО), откако во родниот Челјабинск го нокаутира непоразениот Британец Ентони Јард.

Тоа се случи во 11-та рунда кога Ковалев ја погоди брадата на Јард левицата и го фрли на подот. Претходно, Русинот ја надмина кризата меѓу шестата и деветата рунда кога Јард беше поактивен и потроши многу сила, што му се одрази во десетата рунда. Тогаш Јард почна да промашува удари, а на крајот гонгот му помогна да се спаси од тешкиот удар на Ковалев.

https://www.instagram.com/p/B1j9amrowSh/?utm_source=ig_embed

Русинот ја посвети победата на трагично убиениот руски боксер Максим Дардашев, кој почина од повредите добиени во рингот.

„Не очекував лесен меч, дури сум малку изненаден што успеав да го нокаутирам, бев подготвен за 12 рунди. Имав тешки моменти во мислев дека веќе сум изгубил борбата, но се опоравив. Да се борбиш во родниот град е одлично. Сакам еден ден да отворам училиште за нокаутери. Сега имам 36 години и имам уште четири од планираните мечеви“, рече Ковалев по својата 34-та победа во низа од 38 средби. Неговите планови за во иднина вклучуваат меч со Мексиканецот Канело Алварез, кој е исклучително популарен и тоа ќе му донесе сериозни приходи на Ковалев.

print