Серген Демиров обезбеди најмалку бронза на Војводинска ракавица, а Хурмет Јонузи помина најлошо на жребувањето

Серген Демиров (81 кг, 5 ноксери) ќе боксира директно во полуфиналето на силниот Меѓународен турнир „Војводинска ракавица“ во Суботица – Србија, со домашниот боксер Слободан Јовановиќ, така беше одлучено на денешното жребување. Тоа поздразбира дека најмалку ќе освои бронза.   

Бојан Мијалев (46-49 кг) борбите ќе ги започне од четвртгфиналето со Синг Барун Шаголшем од Индија. Во ваа категорија има вкупно пет боксери. Ако Мијалев ја помине оваа препрека во полуфиналето го Шкотот Рајан Карлин.

Најлошо помина Хурмет Јонуз(ов)и (-75 кг) кој борбите ќе ги почне од 16-финалето со Сома Мештер од Унгарија. Во оваа категорија има 11 боксери, а во наредната борба нашиот репрезенттаивец го чека Алекса Митиќ од Србија.

На турнирот ќе настапат 167 боксери – 94 мажи и 73 жени од 24 земји.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...