Сениорската репрезентација со шест борачи на турнир во Романија

Сениорската екипа во борење викнедов ќе настапи на Меѓународниот турнир „Јон Корнеу“ во Букурешт, Романија.

За Македонија ќе настапат Владимир Егоров (57 кг), Елмедин Сејфуллаху (61 кг), Ријат Реџепи (65 кг), Бехар Махмути (70 кг), Михаелчо Николов (86 кг) и Бобан Савев (96 кг).

„По 8 дневни подготовкии во Скопје сениорската екипа заминува на силниот турнир „Јон Корнеу“ во Букурешт“, вели тренерот на репрезентацијата Лулзим Вренези. 🇷🇴

Со репрезентацијата ќе патуваат уште директорот на репрезентацијата Страшо Глигоров и судијата Илчо Марковски.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...