Сензација: Кличко се враќа, го замени Џошуа на гала вечерта на Вембли

Владимир Кличко ќе направи сензационално враќање во рингот. Ова го откри познатиот англиски новинар и аналитичар Стив Бунс. Според него, Украинецот ќе се бори на 13 април на стадионот Вембли. Првично датумот беше резервиран за следниот меч на Ентони Џошуа, кој би можел да се бори во САД.

„Мислам дека Џошуа ќе се бори со Џарел Милер во САД“, вели Стив Бунс и додава: „Постојат неколку опции за шоуто на стадионот Вембли. Владимир Кличко се враќа. Тој повторно ќе се бори. Слушнав дека неговото име се поврзува со познат британски тешкаш. Не станува збор за Фјури или Вајлдер. Ми рекоа дека ова е борба што можеме да ја видиме на 13 април“.

Боксер кој одговара на таковиот опис е Дилиен Вајт. Тој е во одлична серија на победи, а во неговата последна борба го нокаутира на впечатлив начин Дерек Чисора.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...