Селекторите од регионот за подемот на македонското таеквондо и исполнувањето на олимпискиот сон

По успесите на македонското таеквондо во овие неколку години, пред се изминатава година, бидејќи Дејан Георгиевски на Европското првенство во олимписки категории во Софија го освои златниот медал во најатрактивната категорија – тешка, стручњаците од регионот веќе поинаку гледаат на македонските натпреварувачи. Според нив, македонското таеквондо е во подем, а на Дејан Георгиевски му предвидуваат остварување на олимпиксиот сон, додека како најголем „виновник“ за вбројувањето на Македонија во елитата на европското таеквондо го посочуваат претседателот на Македонската таеквондо федерација (МТФ) и селектор на репрезентацијата Борче Костовски.

Што велат селекторите на земјите од регионот за македонското таеквнодо ќе ви посочиме само еден фрагмент од темата на Курир.мк „Молскавичен подем на македонското таеквондо“.

„Борче е човек што многу брзо учи  и напредува, како во животот така и во спортот, прифаќа совети и е отворен за соработка. Пред три години бев во Македонија, одржав неколку тренинзи и увидов голем потенцијал и голем простор за напредок. Борче направи нешто што никој го нема направено во историјата на македонското таеквондо – создаде европски првак во таеквондо во тешка категорија,тоа е неверојатен успех за вака мала земја. Посакувам многу нови успеси“, вели Марин Дујиќ, олимписки тренер и национален селектор на репрезентацијата на Србија.

Отсанатиот дел од текстот може да погледенте на ОВОЈ линк.

print

Можеби ќе ви се допадне...