Селективен таеквондо камп за Балканското првенство во Романија

Македонската таеквондо федерација (МТФ) го направи првиот заеднички тренинг со кој отпочнува фазата за одбирање на националниот состав во сите старосни категории за настап на престојното Балканско првенство во Букурешт, Романија, на 14 септември.

„Македонските таеквондисти ќе ги бранат трите златни медали од минатото Балканско, но целта е оваа година да се освојат рекорден број на златни медали од балканскиот шампионат. Актуелни балкански шампиони се Дејан Георгиевски (+87 кг) во сениорска конкуренција, Филип Додевски (-74 кг) и Анамарија Георгиевска (-55кг) во јуниорска“, велат од МТФ.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...