Сеишин ги почна подготовките на кои се приклучија и џудитсите на Санкаку

Џудо клубот Сеишин од Прилеп на почетокот на месецот ги почна подготовките за втората полусезона од оваа година.

Од клубот велат дека во моментов стручните кадри на клубот подготовките ги насочуваат главно на кондиционата подготвенотс на отворените спортски терени и базени во Прилеп. Додека во вториот дел од овој месец полека почнуваат и со тактичко-технички подготовки.

Во септември се очекува одржувањето на Државните првенства за млади сениори до 23 години и деца, додека потенцијаните репрезентативци во кадетската селекција поинтензивно се подготвуваат и го чекаат изборот на селекторите за настап на Балканското првенство за кадети во Будва, Црна Гора, на 21 и 22 септември.

На подготовките партиципира и најмладиот клуб во Прилеп Санкаку, при што основната идеја е да акумулираат искуства од веќе докажаните кадри на Сеишин. Покрај ова, Сеишин ги почна подготовки за 11-от Меѓународен традиционален турнир во џудо „Прилеп град херој -2019“, кој треба да се одржи на 6 октомври.

Ipon.mk

print