Седма последователна победа за Понсинибио и го предизвика шампионот Вудли (ВИДЕО)

Сантијаго Понсинибио (Аргентина) победи во седмиот последователен меч за УФЦ откако го нокаутира Нил Магни (САД) на првиот истпориски настан во Аргентина. Средбата се очекуваше со голем интерес, а локалните навивачи го поздравија нивниот љубимец како Бог.

Понсинибио не им остана должен и од првите неколку секунди започна со нападите. Тој му ја размачка левата нога на Американецот со брутални лоукикови. Во втората рунда, Магни го погоди во главата со стапалото Понсинибио. Средбата беше запрена, но лекарот му даде шанса на Аргентинецотда ја продолжи борбата.

Во четвртата рунда Магни веќе потскокнуваше со едната нога на болка и тешко одеше. Понсинибио  го користи вистинскиот момент и со жестоко десно кроше го нокаутира својот ривал.

По финалниот удар на гонгот Јужноамериканецот ја фрли ракавицата кон шампионот во полусредна категорија Тајрон Вудли и се закни дека ќе го нокаутира.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...