Седат Бафтија: Од 18 борачи ќе ги избериме најдобрите за Европското првенство (ФОТО)

Тренерот на кадетската репрезентација на Македонија, Седат Бафтија, соопшти дека на подоготвките, кои почнаа вчера во Скопје, вкупно се повикани 18 борачи и борачки.

„Со подготовките почнавме вчера, се со цел што е можно подобра подготовка пред настапот на Европското првенство за кадети кое ќе го организираме ние. На овие подготовки се повикани вкуно 18 борачи и борачки, од кои ќе се филтрира екипата за настап на ЕП. Во овој период повеќе ќе се вежба на технички план, а и ќе се работи и на психолошки план со нашите борачи, затоа што ќе имаат психолошки товар, со самиот факт што ние сме домаќини на ова ЕП“, вели Бафтија.

Тој вели дека за време на подготовките ќе му помагаат тренерите Суфијан Исмаили, Давор Тасев и Идриз Куртиши. Засега 14 борачи се на подготовки бидејќи неколкумина повредени репрезентативци се одмораат, а во петок треба да се комплетираат.

„Ќе правиме контроллни борби за да ги селектираме најдоброте борачи, да ги поправиме сите грешки што ќе ги прават на контроллните борби. До сега сме задоволни од условите што ни ги овозможува Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ): хотелот, јадењето и салата“, истакнува тренерот на репрезентацијата.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...