Светско првенство во кик бокс: Манојловски и Георгиев светски шампиони! (ФОТО)

Nenad Manojlovski so p[ehar

Македонија има двајца светски прваци на Севтскиот шапионат во Белград, кој завршува вечерва „Комбанк арената“.

Dimitar na piedestal na SP BG
Златната треска ја отвори Ненад Манојловски во категоријата до 69 килограми во кик-лајт, на татамито на најголемата сала во регионов славешеее против Турчинот Искендер Челеби во динамична борба, со многу удари, контраудари, но извонредниот финиш придонесе судиите да му ја доделат победата на македонскиот кик-боксер.
Reprezentacijata so svetskite prvaci
Веднаш по него, на истото татами, настапи и двократниот светски првак, неготинецот Димитар Георгиев, во дуелот против Полјакот Јержи Вроски, во категоријата до 74 кг (кик-лајт). Мечот прилично доцнеше, и иако двајцата тактизира, сепак победата му припадна на нашиот репрезентативец, со што е меѓу ретките што освоиле три светски титули едноподруго.
Stefani Todorova
Претходно, Стефани Тодорова освои бронзен медал во дисциплионата кик-лајт (до 60 кг). со што го заокружи успешниот настап на 20. ВАКО Светското сениорско првенство во кик-бокс.
Шлагот дојде на самиот крај кога Ненад Манојловски беше прогласен за спортист на татами. Тоа значи најдобар, најфер, најдобар техничар, спортист со големо срце.
ipon.mk/В.Д.
print

Можеби ќе ви се допадне...