Светски џудо шампион Крег Фалон е пронајден мртов во Велика Британија

Поранешниот светски шампион во џудо Крег Фалон, е пронајден мртов, два дена откако неговото семејство пријави дека е исчезнат.

Безживотното тело на Фалон го пронајде полицијата во летувалиштето Врекин во Шропшир.

Се уште не се знаат причините за смртта, а полицијата вели дека нема сомнителни околности кои би наведувале дека смртта е предизвикана од насилен чин. Фалон, кој пред четири месеци беше избран за тренер на велшката репрезентација во џудо, зад себе ги остави сопругата и синот.

Фалон беше најдобар британски и еден од најдобрите европски џудисти во последните дваесет години.

print