Светски боксерски шампион уби роднина

Светскиот боксерски шампион во лесна категорија за професионалци Аслан Муканов е уапсен за убиство.

Полициските служби на регионот Костанај (Казахстан) откриваат дека злосторството било извршено на 11 јули во селото Аксај. Како резултат на семеен скандал. Муканов му нанел убод со нож на 32-годишниот роднина Серик Пшенбаев, при што жртвата починала на лице место.

Властите добиле дојава за кривичното дело од жената на починатиот, која го пронашла мртвото тело на Пшенбаев. Веднаш е организирана акција за да го пронајдат и да го фатат 31-годишниот боксер.

Малку подоцна полицијата добила информации во населбата Садовод дека маж со описот на Аслан Муканов се крие во полето.

„Осомничениот успеал помине околу 8 километри и да ја преплива реката Тобол. Се обидел да избега во селото Заречное. Заедно со партнерот бевме во близина. Ни беше кажано дека посоченото лиц е видено во близина на Садовод. Отидовме со колата и преку разглас му рековме да застанее на местото каде што е, да крене раце и да легне на земјата“, раскажа началникот на месната полиција Серик Ракишев.

Аслан Муканов има шест меча на професионалниот ринг, а пет од нив се со нокаут. На 2 март оваа година казахстанскиот боксер ја освои светската титула во верзијата на НБА (National Boxing Association), откако во Колумбија го нокаутира домашниот боксер Стивен Монтерос уште во првата рунда.

print