Светскиот првак Бени Османоски: Направивме вистински спектакал,горд сум на себе!

Бени Османоски викендов што измина синоќа ја одбрани светската титула во К-1 на ВКУ во категоријата до 82 килограми, која е во негова сопстевност од 2014 година против Дамијан Даркер во Обербирен во Швајцарија.

Османоски доби на поени со судиска одлука.

Еве ги неговите први впеачтоци по одбраната на титулата.

„Со кратки зборови, беше феноменална борба. Како што реков, бев подготвен да се борам пет рунди, така и беше. И тоа тешки пет рунди. Противникот беше многу ментално и физички јак. Доби многу удари, а реагираше како да неги чуствува, иако самиот во себе знаеше дека е многу болно, но неговиот израз не го покажуваше тоа. Имаше многу опасен удар со вртење на телото и удар со петица којшто го направи можеби 20 пати, но ни еден не успеа даго пробие мојот гард. Секоја една рунда беше моја, така што во петата рунда му забив лев директ и десно колено во глава, коишто не можеше да ги издржи и падна на земја. Судијката му одброја до 8, но, како што реков, беше психички многу јак и продолжи  да се бори, иако не можеше“, вели Османоски за Ipon.mk, доавајќи дека му забил уште неколку удари со нога во глава и неколку бокс комбинации, и за среќа на него рундата завршила.

„Така што, јас имав чиста победа со одлука на судиите. Можам да кажам дека целата сала уживаше во секоја рунда и гласот на публиката беше одличен, иако не го слушав тоа. Но, на самото видео, кога ја гледав борбата, видов дека направивме вистински спектакал на кој сум горд на себе“,  истакнува светскиот шампион Бени Османоски.

Засега не може ништо конкретно да каже за идните мечеви, но вели дека новата година ќе биде година на предизвици за него, а се ќе биде се објавено на неговата ФБ страница Бени ТХЕ ДОГ Османоски , или на официајалниот Инстаграм профил (Бени ТХЕ ДОГ).

„Ви посакувам на сите се најубаво во нареднава година и ви благодарам на сите за вашата поддршка која многу ја ценам и многу ми значи. Заедно сме посилни вашиот Бени ТХЕ ДОГ Османоски“, се заблагодари Османоски на своите фанови и приврзаници.

Fight Beni "The Dog" Osmanoski

Posted by Beni "THE DOG" Osmanoski on 2017 m. gruodis 16 d.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...