Сашко Арсовски: Нема милост за никого, најдобрите ќе одат за Баку!

Вчера и завчера се одржаа  Државното карате превнство за сениори и Плеј офот на носителите на медали од државниот шампионат кои беа од селективен карактер за Европското првенство во Баку, Азербејџан, во март, а потоа и за квалификацискиот турнир во мај во Париз за Олимписките игри во Токио.

Сега на потег е селекторот за борби на сениорската репрезентација Сашко Арсовски кого го прашавме дали е задоволен од прикажните борби.

„Претежно сум задоволен од прикажаните борби, како на Државното така и на Плеј офот. Имаше квалитетни борби“.

Дали ја направил селекцијата и кога ќе ги објави имињата на репрезентативците за ЕП, Арсовски вели:

„Селекцијата се уште не сум ја направил. Составот на селекцијата исто така ќе зависи од присутноста на подготовките, бидејќи само така ќе можам да ја следам нивната форма. Нема милост за никого, најдобрите ќе одат за Баку“.

Ipon.mk

print