Сашко Арсовски е задоволен од настапот на Емил Павлов, клучни последните 30 секунди со Фрезалиев

Емил Павлов (-60 кг) и покрај добрите борби што ги покажа на Европските игри во Минск, Белорусија, остана без шанса да се бори за медал и да ја брани бронзата од првите Игри во Баку 2015 година.

Тренеротна репрезентацијата и клупски тренер на Павлов, Сашко Арсовски, е задоволен од неговиот настап.

„Првата борба со Италијанот Кресченцо заврши 0-0. Тактички Емил се избори одлично. Доволен беше и бод со актуелниот светски првак. Со Азербеџанецот, по водството од 1-0, Емил направи пресврт и поведе со 3-1, но во последните 30 секунди Ферзалиев успеа да израмни 3-3 и врз база на првиот освоен поен тој победи. Со Белорусинот Емил доминираше и славеше со 5-0. Задоволен сум од неговиот настап“, изјави Арсовски.

Павлов беше во групата Анџело Кресченцо од Италија, Илија Булатау од Белорусија и Азербејџанецот Фирдовси Ферзалиев имаше една победа и два нерешени резултати, што не беше довлно за полуфинале и обезбедување најмалку на бронзен медал.

Во првото коло Павлов ремизираше 0-0 против Кресченцо, потоа повторно беше нерешено 3-3 против Ферзалиев, но поради прв освоен поен победата припадна на Азербејџанецот. Во последното коло нашиот каратист славеше со 5-0 против Булатау, но тоа не беше доволно да биде меѓу првите двајца во групата, кои продолжуваат во полуфиналето, односно беше трет.

Сепак, на пласманот на Емил влијаеше и нерешниот резултат 0-0 на Кресченцо и Фрезалиев.

Во полуфиналето Италијанецот загуби со 3-1 од Литванецот Калвис Калнинс, а во второто полуфинале Евгени Плахутин загуби на изјаснување против Ферзалиев, бидејќи борбата заврши 0-0. Калнинс беше подобар во финалето од Ферзалиев и славеше со 4-0.

Ipon.mk

print