Сара Радичевска ќе се бори за златниот медал на Европските универзитетски игри

Сара Радичевска е во финалето на Европските унивезритетски игри за боречи спортови во Загреб. Радичевска во категоријата до 50 килограми во финалето накарате турнирот ќе се бори со Јелена Пехар од Хрватска.

На патот до финалето Сара извојува  три победи. Борбата за златниот медал е на програмата на 3 август (сабота).

Да потсетиме дека Радичевска е актуелна европска универзитетска шампионка од Игрите во Коимбра во Португалија 2018.

Резултати
-50 кг борби
Сара Радичевска – Кармен Зеа Клемент (Унгарија) 2-0
Сара Радичевска – Андријана Чрнкова (Чешка) 7-0
Сара Радичевска – Соломија Кмит (Украина) 0-0
Финале
Сара Радичевска – Јелена Пехар (Хрватска)

Ipon.mk

print