Сара Радичевска: Златниот медал од Светскиот куп ми овозможи директен пласман на Светското првенство


Sara so medalotrСара Радичевска од Макпетрол на Светскиот луп „Лашко 2016“ го освои првото место во борби со што најави дека на Европското првенство во Монпелје-Франција, ќе биде нашиот претендент за трофеј.

Makpetrol zeno so trenerite
Сара, повторно враќање со победа на натпреварувачка од калибарот Австријанката, Бетина Планк, која е една од водечеките во оваа категорија, потоа и над Србинката од која загуби на БП во Истанбул?

-Резултатите од Балканското првенство не беа како што планирав, затоа бев многу мотивирана и интензивно и посветено се подготвував за Светскиот куп, бидејќи морав да ги исполнам своите и очекувањата на мојот тренер. Противничките со кои настапив се доста искусни медалистки, што ме мотивираше и јас да се покажам во најдобро можно светло. На Балканското многу наивно ја изгубив борбата од Романката, која одлучуваше за медал, бидејќи имав водтсво од 3-1.

Што се промени во овие две недели кај тебе?

-Жарот за борба дефинитивно беше тоа поради кое загубив од Романката. Кога требаше да го чувам водството јас бев толку желна за победа и на некој начин заборавив на важноста на борбата и продолжив со нападите. Мојата физичка форма се подобри, како и психичката, што резултираше со паметни смирени борби.

Makpetrol na piedestal na Lasko 2016

Може ли годинава да очекуваме медал од Европското првенство или од Светското?

-Да, се разбира! Јас се надевам и очекувам дека со добра подготвеност ќе дојдам до сениорски медал од Европско, потоа и од Светското.

Кои противнички не ги поскауваш, а против кои најмногу доаѓаш до израз?

-Нема противнички кои не ги посакувам, дури би сакала и да се паднам со најдобрите заради моето искуство. Имено, сакам противнички со спортски дух и чиста техника, така најдобро доаѓа до израз мојата подготвеност.

Што ќе биде твојата предност во оваа сезона?

-Направив одлични мечеви, но следат уште некои лиги на кои треба да настапам и тие очeкувам да влијаат позитивно врз мојата форма. Предноста која ми ја даде овој медал од Светскиот куп е директен пласман за Светското првенство.

До златниот медал

Радичевска (-50 кг) во финалето на Светскиот куп „Лашко 2016“ ја совлада Србинката Јелена Миливојчевиќ од која загуби на Балканското првенство. Таа до финалето ги победи и Зринка Презер-Хрватска 1-0, Сузана Лучиќ-србија 3-0, Бетина Планк -Австрија 1-1 со судиско изјаснување.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...