Самбо репрезентативците ќе се борат за 200.000 евра на Светското првенство во Романија

Македонската самбо репрезентација овој викенд ќе настапи на Светското првенство во Букурешт, Романија, со награден од 200.000 евра за првото место.

Боите на Македонија ќе ги бранат неколку искусни натпреварувачи: Бобан Данов +100 кг, Един Дураковиќ -100 кг, Авни Дардишта -90 кг, Тарик Рашити -68 кг во спорт самбо; во комбат самбо ќе се борат: Александар Јовановски +100 кг, Александар Петковски -100 кг и Далибор Богданов -68 кг.

Селекторот Ердал Факиќ очекува добар настап на нашите репрезентативци, а кај поискусните ја гледа шансата за успех.

Со голем спетакал самбо спортот во Букурешт ќе одбележи 80 години од постоењето.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...