Сакио Бика го подеби Геард Ајетовиќ

 

Поранешниот шампион на ВБЦ во суперсредна категорија Сакио Бика (34-7-3, 22 КО) во Сиднеј го совлада Геард Ајетовиќ (31-16-1, 16 КО).

38-годишниот Камерунец, кој живее во Австралија, ги совлада Србинот со едногласна одлука на судиите за меѓународната титула на ВБЦ.

Бика, кој од порано е познат по валканите потези, изгуби два бода поради ниски удари, но имаше толку голема предност што не ја загрози победата на бодови.

На  Бика ова му е втора победа по враќањето во рингот во јули по двегодишна пауза. Во кариерата ги губел од големи боксери како Џо Калзаге, Андре Ворд и Адонис Стивенсон.

Синот на легендарниот Костје, Тим Цзју (7-0, 5 КО) го победи со едногласна одлука во 10 рнди Вејд Рајан (14-6, 3 КО). Цзју за прв пат во својата кариера во првата рунда се најде во нокдаун.

print

Можеби ќе ви се допадне...