Савон го победи Тишченко во финалето на тешкашите, Ла Круз четврти пат светски првак (ВИДЕО)

Во Хамбург заврши АИБА Светското боксерско првенство.

Од десетте категории во пет златните медали ги освоија Кубанците. Новите светски шампиони имаат Узбекистан, Казахстан, Азербејџан, Франција и Украина.

Азербејџанецот Махамедрасул Мајиод го победи Казахстанецот Камшибек Кункабаев и по трет пат стана светски шампион во супертешката категорија.

Ерисланди Савон со поделена одлука 3- 2 го симна Евгениј Тишченко од престолот во тешка категорија.

Хулио Цезар Ла Круз по четврти пат победи во финалето во полутешка категорија и стана светскипрвак по четврти пат. 28-годишниот олимписки победник од Рио со едногласна одлука на судиите беше подобар од Ирецот Џозеф Вард, како и во финалето во Доха во 2015 година.

Џоанис Аргилагос сопобедата против олимпискиот победник Хасанбој Дусматов ја одбрани титулата во категоријата до 49 килограми.

Сребрениот од Рига, Французинот Софијан Умаха со победата над трикртаниот светски шампион во категоријата до 60 килограми и бранител на титулата Лазар Алварез од Куба стана светски првак.

Александар Хизнијак – најдобар боксер

Украинецот Александар Хизнијак е прогласен за најдобар боксер, Куба за најдобар тим, а Американецот Били Волш најдобар тренер.

Били Волш – најдобар тренер

Светско првенство на АИБА, Хамбург 2017:

+ 91кг Махамадрасул Мајидов – Камшибек Кункабаев (поделена одлука на судиите 4-1)
-91кг Ерисланди Савон – Евгениј Тишченко (поделена одлука на судиите 3-2)
-81кг Хулио Цезар ла Круз – Џо Вард (едногласна одлука на судиите)
– 75кг Александар Хизнијак – Абилкан Аманкул (едногласна одлука на судиите)
-69кг Шахрам Гијасов – Рониел Иглесијас (едногласна одлука на судиите)
-64кг Енди Круз – Икобљон Холдаров (едногласна одлука на судиите)
-60кг Софија Умаха – Лазар Алварез (едногласна одлука на судиите)
-56 кг. Каират Јералиев – Дјук Раган (поделена одлука на судиите)
-52кг Јосбани Веитија – Јасубрек Латипов (едногласна одлука на судиите)
-49кг Џоанис Аргилагос – Хасанбој Дусматов (поделена одлука на судиите 3-2)

.

print

Можеби ќе ви се допадне...