Русокосата на која и се восхитува светот поради неверојатната снага најавува историски подвиг (ВИДЕО)

Легендата на боречките вештини, поранешната светска шампионка во бокс Холи Холм, го дозна името на првата противничка под закирилата на UFC.

Plavusa Holi Holm boks

Американката во јули потпиша петгодишен договор со организацијата UFC, а во петокот беше потврдено декиа првиот настап ќе го има на 6 декември на случувањата на 181 UFC.

Боречкиот настан ќе се одржи во Лас Вегас, а Холм ќе влезат во октагон со Ракел Пенингтон, која досега во слободните борби (ММА) оставри четири победи и исто толку порази. Сепак, Холм е без пораз во претходните седум борби во ММА , но дури сега следи нејзиното деби под покровителство на најсилните организации.

Холм е вистинска легенда на боречките спортови. За време на нејзината боксерска  кариера оваа 173 сантиметри висока и 61 килограми тешка русокоса освои дури 18 титули во три различни тежински категории. Во 11 годишната професионална кариера таа забележа 33 победи, два порази и три нерешени борби. Кратко време се занимава со кик бокс, од 2011 година, и е посветена на слободните борби. И тоа само со една цел .

„Кога почнав да се занимавам со слободните борби, луѓето почнаа да ме прашуваат која ми е целта. Мојата цел е да станам првата жена со титули во слободна борба и во бокс. Тоа до сега никиому не му успеа, а потполно сум сигурна дека тоа е можно. Ете, тоа е мојот план“, самоуверено во разговорот со американскиите новинари најави убавата 33 годишна девојка од Албукверку.

Да споменеме дека шлагер на 181 UFC настан ќе биде во велтер категорија меѓу Џони Хендрикс и Роби Лоулер. Вредно е да се потенцира и мечот меѓу Ентони Питис и Жилберто Мелендез во лесна категорија.

 

 

print

Можеби ќе ви се допадне...