Руско супер дерби: Ковалев – Бетербиев

Американската промоторека Кејти Дува го подготвува страшното руско летно дерби во тешка категорија.

Таа го претставува машината за нокаути Сергеј Ковалев, кој е шампион на Светската боксерска организација (ВБО). Според неа, сосема е можно во следниот меч ветеранот да се сретне со Артур Бетербиев, кој е првак на ИБФ. Американскиот канал ХБО е заинтересиран за оваа средба и нуди датум во март. Другата опција за Ковалев е да се бори против победникот од средбата Дмитриј Бавол и Саливан Барера.

„Сергеј навистина сака меч со Бетербиев. Тоа може да биде прво“, изјави Дува. Двајцата Руси имаат стари сметки за раскусурување. Ковалев го напушти аматерскиот бокс, откако неуспеа да се пребори со својот сонародник за место во репрезентацијата.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...