Русија со 63 медали е најуспешна на Светското кик бокс првенство, Македонија со една бронза

Русија е најуспешната репрезентација на Светското првенство во  кик бокс за сениори кои заврши денеска во Будимпешта, Унгарија. Русите освоија 63 медали – 27 златни, 22 сребрени и 14 бронзени.

Втора е Унгарија со 44 медали – 19 златни, 13 сребрени и 12 бронзаени, додека трета е Италија со 41 – 13 златни, 11 сребрени и 17 бронзени. Потоа следат Полска 31 (12-4-15), Србија 13 (7-2-4), Ирска 22 (6-5-11), Германија 19 (5-6-8), Велика Британија 17 (5-4-8), Хрватска 23 (4-7-12), Украина 20 (4-3-13) итн.

Македонија е на 45 позиција според бројот на освоени медали, односно еден бронзен. Медалот за Македонија го освои Димитар Ѓоргиев во кик лајт до 74 килограми.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...