Руиз: Џошуа ќе се обиде повеќе да се движи, но тоа нема добро за него

По Саудиска Арабија, промотивна турнеја ги однесе Енди Рииз и Ентони Џошуа во Њујорк и Лондон.

29-годишниот Мексиканец на 7 декември во Диријах за прв пат ќе ги брани појасите во тешка категорија на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, кои ги освои по победата со прекин во јуни над Џошуа во Њујорк.

„Знам дека Ентони сака да си ги врати појасите, но тие се мои. Целиот овој труд и работа вложен во целиот живот значи дека ќе го завршам реваншот на ист начин“.

Руиз очекува да тежи околу 115 килограми, или 6 килограми помалку од првата борба со Британцот.

„Џошуа ќе биде многу полесен. Ќе се обиде малку повеќе да се движи, но не мислам дека тоа ќе биде добро за него. Подобро е да биде малку потежок, малку појак. Тој има мали нозе. Ќе му биде проблем да се движи околу, ќе се обиде да боксира со мене а сум побрз од него. Но, сешто може да се случи. Шансите на 7 декември се 50-50. Најважно е кој ќе има поголема самодоверба и кој повеќе верува во себе. Мислам дека тоа ќе ја одлучи борбата “.

„Ќе бидам полесен бидејќи ќе се чувствувам подобро, посилно и побрзо. Тој ќе биде малку полесен, што може да биде добро или лошо. Ќе видиме на 7 декември“.

Руиз додаде дека би се согласил и на меч во Лондон или Кридиф, доколку промотерот на Џошуа, Еди Херн, платил колку што барал.

print