Руиз се согласи на реванш со Џошуа во Судиска Арабија

По кратко натегање Енди Руиз Јуниор се согласи на реваншот со Ентони Џошуа во Саудиска Арабија.

Така мексиканско-американскиот тешкаш на 7 декември во Диријах ќе ги брани титулите ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО кои гиосвои победувајќи го Џошуа во јуни во Њујорк.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, најпрво објави дека реваншот ќе се одржи во Саудиска Арабија, по што Руиз изјави дека не потпишал ништо и не оди таму. Но Херн го убеди со повеќе пари и тој ќе заработи повеќе од првично предвидените 9 милиони американски долари.

Џошуа беше критикуван за изборот да се бори во земја позната по кршењето на човековите права.

„Се е решено. За две недели ќе се одржи прес-конференција во Саудиска Арабија и двајцата боксери ќе бидат на неа. Саудиска Арабија, Лондон, Њујорк. Неговиот тим има право да поставува прашања. Доколку не би го правеле тоа, не би си ја работеле својата работа. На сите прашања добија задоволувачки одговори“, рече Харн, додавајќи дека Саудиска Арабија е избрана затоа што Руиз не сакал да ја одбрани титулата во Велика Британија.

„Сакаше неутрален терен. Не сакаше да дојде во Велика Британија. Доби неутрален терен и потоа почна да кука поради неутралниот терен. Боговите му ја дадоа оваа можност. И беше успешен и го заслужи тоа. Но, биди човек. Почитувајте го договорот. Цеиот негов тим: Том Браун, Ал Хејмон, Луис Де Кубас, сите тие се одлучни да го исполнат ветувањето и ветија дека ќе го испорачаат писмено, за да биде сè по законот“.

Херн призна дека парите се главната причина поради која борбата ќе се одржи во Саудиска Арабија.

„Секако, парите се добри. Нема да ве лажам. Ова е прилика, таму има еден потполно нов свет за боксот. Ако Блискиот Исток почне да инвестира во боксот веќе нема видеме многу големи борби во САД или Велика Британија не можат да се носат со потенцијалните инвестиции од Блискиот исток. Тоа е факт“.

print