Руиз Сениор: Го сакаме и појасот на Вајлдер. Ќе го уништиме

Енди Руиз Јуниор на покана од мексиканскиот претседател да ја посети татковината на неговите родители.

Иако е роден во Империјал, Калифорнија, 29-годишниот боксер по име Андрес Понсе Руиз Јуниор секогаш го истакнува мексиканскот потекло.

„Секој кој мисли дека не сум Мексиканец само затоа што сум роден во САД е во заблуда. Го претставував Мексико кога се обидував да се изборам за Олимписките игри. Секогаш се борам за Империјал Валеј (во Јужна Калифорнија, каде што живее) и Мексикали во Баха Калифорнија во Мексико. Мајка ми и татко ми се од Мексикалија (главен град на мексиканската држава Баха Калифорнија) и се чувствувам повеќе Мексиканец од некои кои се родени во Мексико, бидејќи се борев за својата „раса“ и Мексико“, изјави Руиз за ЕСПН по ова прашање.

Неговиот татко, Енди Сениор, кој беше во аголот на мечот со Ентони Џошуа во кој неговиот син ги освои ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО светски титули во тешка категорија, вели дека целта е да се освои уште само преостанатиот појас.

Целта е меч за неприкосновен светски шампион со првакот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер. И на двајцата менаџер им е Ал Хејмон и боксираат за Премиер боксинг чемпионс.

„Веќе освоивме три појаси таа вечер кога никој не веруваше во нас… Само оние кои беа дел од тимот знаеја дека можеме да победиме. Отсекогаш верувавме во тоа дека можеме да ги освоиме титулите. Сега ја сакаме титулата на Вајлдер. Ќе го уништиме. Ќе видите“, рече Андрес Руиз Сениор.

Но, пред да почнат да размислуваат за меѓусебна борба за неоспорен шампион во тешка категорија и двајцата ги чекаат реванш мечеви. Вајлдер со Луис Ортиз, а Руиз со Џошуа.

Руиз во борбата за титулата во тешка категорија скокна во нешто повеќе од еден месец пред борбата, бидејќи првично беше планиран Џарел Милер кој падна на допинг тестот, а Луис Ортиз ја одби понудата.

Постариот Руиз смета дека целосен тренинг камп ќе биде уште поподготвен за рвеаншот.

„Воопшто не се сомневам дека Енди повторно ќе победи. За оваа борба имавме малку време да се подготви затоа што дојдовем како замена, но сега имаме доволно време и ќе дојдеме многу подобро. Луѓето може да зборуваат што сакаат, но тоа ви е како со змијата. Ги хипнотизирате и не знаат што прават во рингот. Покрај Џошуа има уште многу противници за него. Тука е Вајлдер, а и Тајсон Фјури. Борбата со него, исто така не интересира. Како што реков крајната цел е да ги освои сите титули, но ни треба само уште една“.

print