Ронда Русеј стана кечерка (ВИДЕО)

Ронда Русеј кариерата ќе ја продолжи како кечерка.

Поранешниот шампион на УФЦ во бантам категорија потпиша за најголемата организација во професионалното бореење (кечерство) World Wrestling Entertainment.

Роуди се појави се појави на крајот на првата женски Ројал рамбле во Филаделфија, каде што беше претставена како ново засилување за ВВЕ/WWE.

Русеј последен пат се бореше во декември 2016 година, кога се обиде да ја врати титулата против Аманде Нунес, но го загуби со нокаут за 48 секунди.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...