Ронда Русеј го напушта ВВЕ

Ронда Русеј се појави во програмата на најголемата светска про боречка промоција ВВЕ/WWE во јануари 2018 година.

Во меѓувреме ја освои титулата на RAW шампион (RAW е бренд на World Wrestling Entertainment).

Но, ако е за верување на угледниот про-боречки и ММА новинар Дејв Мелцер, кечерската кариера на поранешната шампионка во УФЦ би можела да заврши наскоро.

Вретслер обсервер њузлетер (Wrestling Observer Newsletter) пишува дека Ронда Русеј последниот меч треба да го има Врестле манија 35, кој ќе се одржи на 7 април во Ист Радерфорд, Њу Џерси.

Таму шампионскиот наслов би требало со пораз да го препушти на Беки Линч или Шарлот Флер, ќерка на легендарниот Рик Флер.

Мелцер додаде и дека поранешната шампионка на УФЦ и порано зборувала за заминувањето во професионалното борење како нешто привремено.

Ќе видиме дали така и ќе биде, бидејќи ВВЕ никогаш премногу лесно не ги пуштал своите најголеми ѕвезди.

.

print