Рожер Грејси го победи Бучеча во последниот џиу џицу меч (ВИДЕО)

Во неделното утро во Рио де Жанеиро, Рожер Грејси за последен пат стапна на татамито како натпреварувач во бразилско џиу џицу против Маркус Алмеида – Бучеча.

И двајцата натпреварувачи го освоиле светското првенство на ИБЏЏФ/IBJJF редкордни 10 пати како црни појаси.

Нивната средба заврши со сабмишн во корист на Грејси.

Тоа беше последниот џиу џицу натпревар за Грејси, кој повеќе се фокусира на ММА кариерата. Има скор 6-2 и до крајот на годината најверојатно ќе се бори повторно во Оне.

„Целта ми е меч за титулата во средната категорија на One Championship“, рече Грејси.

print

Можеби ќе ви се допадне...