Роберто Ацковски освојувачот на бронза на ЕП: Си реков не си одам дома со празни раце!

Најубавото чуство на цел свет, вели со насмевка освојувачот на бронзениот медал на Европското карате првенство за кадети јуниори и У-21, Роберто Ацковски, кој медалот го освои во конкуренција на помлади сениори (У-21) во категоријата до 67 килограми, и додава дека освоеното одличје е заслужено во секој аспект.

„Претешки шест борби. Во сите се борев до последен здив“, вели со воздив Ацковски кој имаше можност да се палсира во големото финале.

„Во полуфиналето малку бев оштетен од судиите, бидејќи мои поени беа дадени на Црногорецот“, тврди Роберто кој беше поразен со 4-1 од Црногорецот Бојан Бошковиќ.

Но, потоа дојде решавачката борба за медалот. Што те мотивраше во борбата за медалот?

„Тоа што премногу сум жртвувал, затоа и стигнав до тука и си реков не сио одам дома со празни раце. Освен тоа, и моите родители беа во публиката, што всушност ми беше уште поголем мотив да се борам и уште поголема мотивација“.

Дали ова значи дека и во сениорска конкуренција ќе атакуваш на медали на големите натпреварувања?

„Секако дека да ова е само мал чекор од мојата кариера. Имам уште многу пред мене. Сега со овој медал ќе влезам во најдобрите 100, тоа значи ќе почнам да одам на Премиер лиги и исто така ќе се подготвувам за европската Универзијада во Белград. Но, и за Државното и за Светкото во Дубаи во октомври“.

 Кои се твоите амбиции?

„Да станам светски првак“!

Колку влијае атмосферата во Макпетрол на успехот/ успесите?

„Без нив ова немаше да се случи. Голем поздрав до тренерот Бошко Заборски. Тој многу добро ме подготви за ова Европско првентсво. Благодарност и до моите колеги кои имаа голема улога, бидејќи тренираа со мене до крај“.

Резултати

-67 кг
Роберто Ацковски – Андре Луиш (Португалија) 5-3
Роберто Ацковски – Шалев Гаиги (Израел) 4-1
Роберто Ацковски – Милош Сабиецки (Полска) 0-0
Роберто Ацковски – Јан Матејка (Чешка) 6-1
Полуфинале
Роберто Ацковски – Бојан Бошковиќ (Црна Гора) 1-4
За бронза
Роберто Ацковски – Олег Кавка (Русија) 2-2

Ipon.mk

print