Ристо Димитров се подготвува со борци на УФЦ и Белатор во Тајланд

Нашиот ММА борец Ристо Димитров – Чуринот деновиве тренира  со големите имиња на УФЦ, Белатор, АЦА, АЦБ во Тајланд, како дел од неговите подготовки за претстпјниот меч.

„Лудница! Цела борбена карта од УФЦ Москва“, возбудено коментира Чурино и додава дека секој ден тренира со нив по два-три пати дневно.

Таму се УФЦ борците Рафаел Физлиев, Григори Попов, Петр Јан, Лома – првата жена од Тајланд што потпиша за УФЦ, двојниот шампион во Белатор Диего Лима и неговиот брат Даглас Лима. Борецот во УФЦ Ентони Мартин – Роко и многу други.

„Кампот е неверојатен. Секој ден се учи нешто ново и нешто различно. Плус, борците несебично споделуваат техники и искуства со мене“, вели Димитров, посочувајќи дека технички и физички сега е многу подобар.

„Продолжуваме уште една недела и ќе ни придружат уште многу нови борци“, потнцира битолчанецот кој работи како тренер во Оман.

Ipon.mk

print