Ристо Димитров на 2 ноември се бори за појас

Ристо Димитров – Чурино на 2 ноември во Белишќе – Хрватска, ќе се бори за појасот на на Барабер Фајт најт 3 како борец на Јуропијан топ фајтерс (ЕТФ). Противникот се уште не е познат, но наскоро и тој ќе се знае.

Димитров кој во повртаничкиот меч по двегодишна пауза  во јуни славеше со арм бар во првата рунда на Импакт фајт најт во Нашице, Хрватска, против Марко Шпириќ од КБК Тигар од Жабањ, Србија.

По овој повод  Димитров вели:

„Здраво и поздрав до читаттелите на Ипон.мк. На 2 ноември ќе се борам за појас на Барабер фајт најт 3. Тие веќе имаа.два настани во Белишќе, а сега 3-тото издание ќе биде најголемо и за неколку појаси“.

Димитров се подгорвува во Оман, а ќе оди и во Тајланд.

„Се надевам ќе донесам.победа и ќе.донесам уште еден појас за Македонија“, порачува Димитров и додава: „Ќе го завршам во првата рунда, кој и да е“.

Ipon.mk

print