Ристо Димитров мавна уште едно сребро на Шампионатот на Дубаи во џиу џицу (ФОТО)

Ристо Димитров – Чурино се преплати на сребрени медали во Дубаи, откако и денеска го освои среброто на International Jiu Jitsu Pro Championship („Дубаи интрнешнл џиу џицу Про Чемпионшип“) во џиу џицу во кимоно во категоријата до 67 килограми за сини појаси.

Димитров во финалето е поразен од Вили Фернандез од Колумбија, од кого загуби и вчера на борбите без кимона.

Чурино на овој престижен турнир имаше две победи

Во тешка борба загубив во финалето, изјави Чурино за Ipon.mk.

 

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...