Рико Верховен ја одбрани титулата на Глори, а Ван Росмален ја загуби (ВИДЕО)

Рико Верховен во Јохан Кројф арената во Амстердам осми пат ја одбрани титулата во тешка категорија на Глори.

29-годишниот Холанѓанец со едногласна одлука го победи Бразилецот Гуто Иносенте.

Поранешниот борец на УФЦ храбро се бореше и повеќе пати опасно го погоди бранителот на титулата, но не можеше да се справи со притисокот со поголемиот и физички подобро подготвениот Верховен.

Печпаномрунг е нов првак во перолесна категорија.

24-годишниот Тајландец пружи одлична партија и доминираше во реваншот против Робин Ван Росмален на патот до победата со едногласна одлука на судиите.

Џамал ​​Бен Садик беше во одлична форма против Д’Анџело Маршал и за помалку од една минута трипати го соборуваше противникот и дојде до прекин.

Победникот на K-1 MAКС и поранешен шампион на Глори во велтер категорија Муртел Гроенхарт во втората рунда го запре младиот Мохамед Џарај.

Мајкл Дут го нокаутира Мурад Бузиди во реваншот на четири секунди пред крајот на средбата.

Во првата борба минатата година Дут беше дисквалификуван.

К-1 првакот во тешка категорија Рул Манарт во дебито со едногласна одлука на судиите.го победи Даниел Шквор. Холанѓанецот го уриваше Чехот во третата рунда со лево кроше во плексусот.

Глори 59:
Рико Верховен – Гуто Иносене (едногласна одлука на судиите)
Печпаномрунг Киатомокао – Робин ван Росмален (едногласна одлука на судиите)
Џамал ​​Бен Садик – Д’Анџело Маршал (ТКО, Р1)
Тјани Бештати – Кристијан Беј (поделена одлука на судиите)

Супер фајт серија:
Мурел Гроенхарт – Мохамед Јараја (ТКО, Р2)
Алим Набиев – Ејеван Даненберг (поделена одлука на судиите 4-1)
Мајкл Дут – Мурад Бузиди (КО, Р3)
Роел Манарт – Даниел Шквор (едногласна одлука на судиите)
Алексеј Улианов – Закарија Зугари (едногласна одлука на судиите)

Murthel Groenhar Finish

DOMINATION! Murthel Groenhart simply overwhelmed Mohammed Jaraya on his way to the finish! #GLORY59

GLORY Kickboxing 发布于 2018 年 9 月 29 日 周六

.

print

Можеби ќе ви се допадне...