Рикардо Мајорга поразен со прекин во Русија (ВИДЕО)

Андреј Сироткин (14-0, 4 КО) во Нижњи Новгород ја оствари најголемата победа во кариерата.

32-годишниот Русин славеше против поранешниот светски шампион во велтер и супервелтер категорија Рикардо Мајорга (32-10-1, 26 КО).

44-годишниот Никарагванец се откажа во аголот по 9-тата рунда во многу слабата борба.

Сироткин со оваа победа ја освои ослободената ВБА меѓународна титула во суперсредна категорија. На Мајорга ова многу лесно може да му биде последната борба во кариерата.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...