Само Ризов, Настев, Арсова и Арсов извојуваа победи на ЕП во кик бокс првиот ден (ФОТО)

 

Македонските кикбоксери на првиот ден на Европското кик бокс првенство за кадети и јуниори во Скопје по 20 настапи се со биланс 4 победи и 16 порази. Со тоа уште претходно имаме обезбедено 1 финале и 8 полуфиналиња, така што прашање е колку медали ќе освоиме.

Кавадрчаните Филип Ризов и Блаже Настов беа сигурни во своите настапи извојуваќи сигурни победи од 3-0. Во четвртфиналето ќе имаат противници од Велика Британија, ако ги победат ќе обезбедат најмалку бронезени медали.

И штипјанката Јована Арсова беше сигурна во првиот настап против Стела Левицка (Словачка) 2-1, а во четвртфиналето ќе се бори со Ромалеа Месиндиану (Грција).

Славче Арсов го совлада Арбер Хусај (Косово) со 3-0, следното коло ќе се бори со Криштоф Степанијак (Полска) во четвртфинале.

Резултати

поинт фајт
32 кг Павел Стојчевски – Виктор Грозданов (Бугарија) 0-11

лајт контакт
42 кг Дилан Ивановски – Џорџио Бригноли (Италија) 0-3

кик лајт
52 кг Синиша Милошевиќ – Јонатан Бабинчук (Полска) 0-3
57 кг Милан Милошевиќ – Карел Свободник (Словачка) 1-2
+69 кг Филип Мицевски – Јакопо Иполито (Италија) 0-3
-50 кг Леа Бошевска – Лиса Фиоре (Италија) 0-3

Јуниори
-57 кг Флип Ризов – Еурон Намани (Косово) 3-0
-57 кг Флип Ризов – Камерон Бејнс Дојл (В.Британија) ¼ финале
-57 кг Блаже Настов – Всилеос Наталас (Грција) 3-0
-57 кг Блаже Настов – Вилијам Тејлор (В. Британија) ¼ финале
-63 кг Стефан Грнчаревски – Рикардо Солди (Италија) 0-3
-69 кг Амир Алији – Марко Боичук (Украина) 0-0 победа за Украинецот
-74 кг Славче Арсов – Арбер Хусај (Косово) 3-0
-74 кг Славче Арсов – Криштоф Степанијак (Полска) ¼ финале
-79 кг Давид Спасовски – Николо Каон (Италија) осминафинале 1-2
-50 кг Јована Арсова – Стела Левицка (Словачка) 2-1
-50 кг Јована Арсова – Ромалеа Месиндиану (Грција) ¼ финале

лоу кик
-57 кг Енес Азири – Антонио Гарвела (Италија) ¼ финале 0-3
-60 кг Медин Ахмети – Никита Грибинча (Русија) 0-3

јуниори
-63,5 кг Марио Цветков – Огњан Мирчев (Бугарија) 1/8 0-3
-67 кг Роберт Костовски – Витор Рибеиро (Португалија) 0-3
-67 кг Слаѓан Димиќ – Душан Радовиќ (Србија) 0-3

К-1
кадети
-63,5 кг Мирче Василев – Борна Биланџиќ (Хрватска) 0-3

јуниори
-54 кг Даниел Митов – Христијан Канчев (Бугарија) ¼ финале 0-3

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...