Ризин планира изненадување за фановите, кое го вклучува Конор Мек Грегор

Јапонскиот Ризин планира „нешто многу чудно“ во кое ќе бидат вклучени ММА ѕвездата Конор Мек Грегор или Оскар Де Ла Хоја. Нобујуки Сакакибара, кој е претседател на организацијата, рече дека планираат нов вид настани на крајот на годината, што нема да биде кикбокс или ММА средба.

Сакакибара планира да направи нова вид на натпревар во кој нема да учествуваат Флојд Мејведер или Мани Пакијао, а наместо тоа да преговараат со Мек Грегор и Оскар Де Ла Хоја, со надеж дека еден од нив ќе се согласи. Еве што сподели Нобујуки за она што го подготвува:

„Тоа ќе биде прилично чудно. Ова е иновација. Размислувам да создадам нешто ново што нема да биде ММА, кикбокс или борба. Мејведер веќе учествуваше со нас, но во моментов не можеме да размислуваме за ништо ново со него. Пакијао, пак, е активен шампион.

Мек Грегор е најпознат во ММА и можеме да направиме нешто заедно. Нашата иновација ќе ги вклучува Конор Мек Грегор или Оскар Де Ла Хоја“.

print