Риад Реџепи поразен за 76 секунди од Ерменцот Гегхам Галстјан на ЕП (ФОТО)

Риад Реџепи (-65 кг) загуби со технички туш од Гегхам Галстјан од Ерминија во квалификациите на Европското првенство за јуниори во Рим, Италија.

Галстјан тргна агресивно и победе со 2-0, потоа и со 4-0. Реџепи се обиде да му се спротивстави и намали на 4-1, но Ерменецот искористи едно невнимание на нашиот борач и поведе со 6-1, и со неколку превртувања стигна до 12-1, што автоматски и значеше крај на борбата на 3:44 минути до крајот на првата рунда, односно 76 секунди му требаа на Галстјан за победа.

Денеска настапува и Минир Реџепи (-57 кг) против Алијабас Рзазаде од Азербејџан, а Елмедин Сејфулаху (-61 кг) во сабота.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...