Репрезентацијата на Македонија идната сезона ќе настапува во Регионалната бокс лига

Потпретседателот на Боксерската федерација на Македонија (БФМ), Благој Донев, кој учествуваше на состанокот во Белград меѓу националните федерации и Регионалната бокс лига (РБЛ) вели дека е договрено Пинк Пантер да го отстапи местото на репрезентацијата на Македонија во РБЛ, со тоа што Илија Младеновски си останува потпретседател на РБЛ, а по потреба на состаноците ќе оди уште еден член на нашата Федерација.

„Ова е иницијатива на членови на РБЛ да настапуваа репрезентации, па така од идната сеозна Македонија, Црна Гора, Словенија и Хрватска ќе настапуваат со своите национални тимови, додека Србија ќе биде застапена со два клуба, а Босна и Херцеговина со еден. Вкупно ќе има 12 кола, шест дома и шест во гости“, истакнува Благој Донев и додава:

„На сединца на Управниот одбор на БФМ е одборен тој проект, со тоа што останува да се усогласат календарите со националните федерации и позначјните турнири“.

Во интерес и развој на младинскиот бокс во регионот во РБЛ ќе има 3-4 воведни борби, при што ќе бидат застапени најдобрите јуниори и кадети.

Најатрактивните мечеви од РБЛ ќе бидат пренесувани на Арена спорт, а од сите други ќе има репортажи.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...