Репрезентативците Дејан Георгиевски и Филип Додевски ги полнат батериите на Белмекен во Бугарија (ФОТО)

Најдобрите сениори на македонската таеквондо репрезентација Дејан Георгиевски и Филип Додевски, инаку членови на Бутел од Скопје, се на висински подготовки во во еден од најдобрите спортскицентри на Балканот, Белмекен во Бугарија. Таму ќе останат 21 ден.

Со нив е еден од нивните тренери Дарко Костовски, покрај селекторот и тренер во клубот Борче Костовски.

„Ова се базични подготовки за македонските репрезентативци, пред се за сениорското Светско првенство во Манчестер во мај, но потоа има Универзијада во Наполи, Гранд при во Рим… Сите овие турнири се бодуваат за олимписка норма, која е наша главна цел. Дејан и Филип минатата година донесоа по неколку медали од највисоката класа Г-1 во сениорска конкуренција. И двајцата се наши олимписки надежи. Секако на СП во МанЧестер одиме на медал“, вели тренерот Дарко Костовски.

Тој нагласува дека подготовкитрево Белмекен,според него, една од најдобрите спортски бази во Европа, ќе траат 21 ден, за да се направи здрава база за претстојната сезона, а останатиот дел од тимот како Аанамарија Георгиевска, Марко Аврамовски и останатите моментално работат тактички подготовки во матичниот клуб Бутел.

Ipon.mk

print