Резултати: Тиквешки кик бокс турнир во Демир Капија (ФОТО)

Синоќа се одржа вториот „Тиквешкиот кик бокс турнир“ во Демир Капија во организација на Кик бокс клубот Будо со учество на 50-тина натпреварувачи од кик бокс клубовите од Велес, Штип, Неготино и Демир Капија со кој раководи ММА борецот Мартин Данев.

„Синоќа гледавме квалитетни и цврсти борби. Голема благодарност упатуваме до градоначалникот на општина Демир Капија Лазар Петров кој го помогна овој настан. Благодарност до сите борци и нивните тренери“, велат од КБК Будо од Демир Капија.

Победници на турнирот се:
Филип Јованов – Будо- Д.Капија
Даниел Захарчев – Будо- Д.Капија
Васка Стојанова – Будо- Д.Капија
Матеј Коцев – Будо- Д.Капија
Ристе Ѓоргиев – Будо – Каварци
Стојанче Богдановиќ – Будо – Д. Капија
Драган Ташев Будо – Будо – Кавадрци
Дивна Коцева Будо – Будо – Д. Капија
Дамјан Милошевски – Будо – Велес
Јована Арсова – Гладијатор – Штип

Мартин Митиќ – Гладијатор – Неготино
Јован Лазаров – Будо – Велес
Лазе Николов – Будо – Д. Капија
Петар Крстев – Будо – Д. Капија
Милан Милошевиќ – Будо – Кавадарци
Слободан Ѓорев – Будо – Кавадарци
Шаипага Бегани – Будо – Кавадарци
Марија Јанева – Гладијатор – Неготино
Блаже Настов – Будо – Кавадарци
Кристијан Ангелов – Гладијатор – Неготино
Мартин Димитриовски – Будо – Кавадарци

Синиша Милошевиќ – Будо – Кавадарци
Семин Фехратовиќ – Будо – Велес
Никола Нацев – Гладијатор – Штип
Ајкут Арифов – Будо – Велес

Турнирот го проследија околу 400 гледачи.
„Целиот настан траеше околу 3 часа. Почнавме со борби меѓу најмладите. Убавината е во тоа што уцество земаа и 9 девојќи. Сите борби беа на татами во дисциплината кик лајт.
Коректно и со голем респект кон тренерите, борците ги изведуваа сите научени техники и тактики на борба. Видовме сите до каде се нашите борци и каде да дадеме поголем акцент на тренинзите, за да ги зголемиме перформансите на борците за во иднина. Благодарност до сите и до вашиот сајт“, вели Александар Ристовски од КБК Будо од Кавадарци, како организатор на турнирот.

print

Можеби ќе ви се допадне...