Резултати: Олимпик спорт, Макпетрол, Кеикс и Металург најуспешни на ДП и Плеј-офот за кадети јуниори и У-21

На Државното првенство во карате за кадети, јуниори и јуниори до 21 година (У-21) во Скопје Олимпик спорт 2007 со 15 медали е прв со 10 злата, пред Макпетрол со 11 медали – 4 злани, а трет е Кеикс со 6 медали од кои 4 се златни.

На Државното првенство вкупно беа пријавени 43 клубови со 210 пријави, а на „плеј оф“ натпреварите настапија 35 клубови со 112 пријави на натпреварувачи.

И во Плеј-офот Олимпик спорт е прв со 12 медали од кои осум се златни,  второпласиран е Кеикс со 6 медали – 5 злата, додека на трето место заврши Металург со 6 медали – 3 златни.

Најдобрите натпреварувачи од секоја категорија по одржаното Државно првенство и Плеј-оф турнирот обезбедија пласман на Европското првенство во 2020 година во Будимпешта, Унгарија.

Резултати Државно првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21

http://kfm.com.mk/imagesfiles/Drzavno_Prvenstvo_Za_Kadeti_Juniori_i_U21_2019_Izvestaj.pdf

Резултати Плеј-оф за кадети, јуниори и помлади сениори У21

http://kfm.com.mk/content/view/Odrzhani-drzhavnoto-prvenstvo-i-plej-of-natprevarite-za-kadeti-juniori-i-pomladi-seniori-U21

print